📽 📷 ВИКОТНИЦИ И КАРАНИЦИ ПРЕД ПУНКТОТ ЗА ПАСОШИ Полицајците им ја затворија вратата на сите што чекаат
Револтот на луѓето што чекаа ред се зголеми пред последниот ден во кој пунктот ќе прима граѓани за фотографирање без термин, па бараа да им се овозможи да поднесат документи и да бидат донесени вработени кои ќе ги сликаат.
Вистински хаос се случуваше денеска на последниот ден за фотографирање без термин за лични документи пред пунктот кој е отворен во полициската станица „Пролет“, бидејќи работното време е до 15 часот, но и поради тоа што многумина биле преку ред внесени.
Како што можевме да забележиме на терен граѓаните беа револтирани бидејќи како што велат чекале од 9 часот утринава и во 15 часот им беше тресната вратата пред нос.
– Дојдов во 9 часот и чекам до сега и вие ми велите дека не можете да ме фотографирате. Ова навистина нема никаква смисла. Сите ќе завршевме како што треба, но многумина влегоа преку ред и поради тоа ние извисивме – му рече еден од граѓаните на вработениот во МВР кој излезе да им каже дека работно време на пунктот е завршено.
Револтот на луѓето што чекаа ред се зголеми пред последниот ден во кој пунктот ќе прима граѓани за фотографирање без термин, па бараа да им се овозможи да поднесат документи и да бидат донесени вработени кои ќе ги сликаат.
Од утре пунктот за фотографирање за лични документи во Полициската станица „Пролет“ ќе работи со закажување.
Како што информираат од МВР, термините за жителите на Скопје до крајот на 2024 година ќе се презакажат, за да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи.
„Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин, во многу пократок рок. Истовремено, ослободените термини добиени при прочистувањето на сите списоци ќе останат на располагање за идни резервации“, соопштија од МВР.
Од утре (среда, 7 февруари) во склоп на пунктот во „Пролет“ ќе работат 14 базни станици, кадешто граѓаните ќе можат да се фотографираат. Од понеделник ќе се воведе и фотографирање во втора смена.