ВИКЕНДОВ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И НЕВРЕМЕ Температури до 15 степена
Пообилни врнежи ќе има ноќта од сабота кон недела, и до 30 литри на квадратен метар.
Под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот, залив кој ќе го проширува неговото влијание до нашиот дел од eвропскиот континент и ќе услови формирање на голем влажен бран, за време на викендов во Македонија ќе имаме обилни и поројни врнежи од дожд (локално над 30 литри на метар квадратен дожд) особено во текот на ноќта кон недела и во недела 15 февруари, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски на неговиот портал Метеоаларм.
Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, од 10 до 15 Целзиусови степени.
Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниов ЛИНК.