Викендов нема да се игра фудбал во земјава, одложени се сите натпревари
Средбите што беа предвидени да се играат утре и в недела се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) – 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ – Исток и Запад на 08.11.2020 (недела), објавено е на веб-страницата на ФФМ.
Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од ковид-19 и стапување на сила на општиот протокол за организирање натпревари, натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад, кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат.