📷 ВИКЕНДОВ ЌЕ ЗАПРОЛЕТИ?! Се очекуваат температури до неверојатни 17 степени

Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ) објави дека вакво нешто досега не сме виделе во јануари, односно дека дневните температури ќе се искачат дури до 17 степени.

6,364

Од петок, па сè до викендот, се очекува студено утро со минусни температури, додека во текот на денот температурите ќе се зголемат и ќе достигнат од 15 до 17 степени.

Овој температурен пресек ќе донесе значителен пораст на температурите во попладневните часови, создавајќи пријатни услови за активности на отворено.






Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ) објави дека вакво нешто досега не сме виделе во јануари, односно дека дневните температури ќе се искачат дури до 17 степени.

„В петок претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини, што ќе ја намали видливоста. Во текот на денот, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб променлив ветер. Минимална температура ќе се движи од -2°C до 5°C, максимална температура ќе биде од 4°C до 15°C“, информираат УХРМ.

За време за викендот и следната недела температурата ќе се зголемува за цели 17 степени.

Како што нѐ информираат од УХРМ за викендот и почетокот на следната недела ќе преовладува топло време со дневни температури значително над просекот за третата деценија од јануари.

„На повеќето места температурата ќе се движи од 13 до 17 Целзиусови степени. Во текот на денот малку до умерено облачно со подолги сончеви периоди, постепено топење на снегот на планинските предели“, заклучуваат од УХРМ.

Поврзани содржини