ВИКЕНДОВ ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ Пчеларите да ги заштитат пчелите

146

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 31.05 и нa 01.06.2025 година (сабота и недела), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.






Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

Поврзани содржини