ВИКЕНДОВ ЌЕ СЕ ПРСКА ПО ОСМИ ПАТ Ќе се прави дезинсекција на возрасни комарци

Прскањето против комарци ќе се реализира на 13 и 14 август, во раните утрински часови.

69

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во претстојниот викенд на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.
Прскањето против комарци ќе се реализира на 13 и 14 август, во раните утрински часови.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Поврзани содржини