ВИКЕНДОВ ДОАЃА НОВ ЛАДЕН БРАН Снегот може да се спушти и во градовите

200

Постепена промена на времето повторно очекувам за време на викендот кој доаѓа (17 и 18 јануари ). Територијата на Македонија повторно ќе потпадне под влијание на значително поладен и влажен воздушен бран од исток и од североисток. Во ваква ситуација температурите повторно позначително ќе опаднат а особено во недела на 18 јануари повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде долж Повардарието.

Облачноста ќе се зголеми и ќе имаме повремени локални врнежи од дожд и од снег во пониските места (градовите) и само врнежи од снег во повисоките населени места  и на планините каде очекувам формирање на нова снежна покривка како и нејзино проширување.






Повеќе за прогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини