Викендов ќе може да се шета до 19 часот

Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот, информираше техничкиот премиер на својот профил на Фејсбук.

1,073

На тековната седница на Влада донесовме одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд, соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот. Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот“, информираше Спасовски на својот профил на Фејсбук.

Поврзани содржини