ВИКЕНДАШИТЕ ОД ГРЦИЈА СИНОЌА ЗАГЛАВИЈА НА БОГОРОДИЦА За влез во Македонија се чекаше и до два часа

Редиците возила од грчка страна биле долги 3 километри.

4,565

Викендашите кои синоќа сакаа од Грција да влезат во Македонија чекаа и до два часа на граничниот премин Богогородица со своите возила, дознава Плусинфо од граѓани кои патувале. Редиците возила од грчка страна биле долги 3 километри.

Слики од големата колона вчера се појавија на социјалните мрежи, а веста ја објавија и други медиуми. Плусинфо контактираше со АМСМ, но од таму рекоа дека тие добиваат информации само за македонската страна од границата каде, според нив, немало поголеми задржувања.

 

 

 

Поврзани содржини