ВИКЕНД ПОЛН СО ПРЕКРШОЦИ Казнети 1.570 возачи, половина од нив за брзо возење

Само за возење со брзина поголема од дозволената биле изречени 758 санкции, додека за непрописно паркирање биле напишани 216 казни. Во акциите, од сообраќај биле отстранети и 141 лице кое немало возачка дозвола.

115

Изминатиот викенд (26 и 27 април 2025 година), полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи спроведоа интензивни сообраќајни контроли на патиштата низ целата држава. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вкупно биле издадени 1.570 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци, најголемиот дел по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Само за возење со брзина поголема од дозволената биле изречени 758 санкции, додека за непрописно паркирање биле напишани 216 казни. Во акциите, од сообраќај биле отстранети и 141 лице кое немало возачка дозвола.






Регистрирани се и 62 прекршоци за неносење сигурносен појас, 31 санкција за управување мотоцикл без заштитна кацига, како и 27 прекршоци за користење мобилен телефон при возење. Осуммина возачи биле санкционирани за минување на црвено светло, а 61 возач бил отстранет од сообраќај поради недозволено количество алкохол во крвта.

Дополнително, според Законот за возила, исклучени се вкупно 39 возила, од кои 11 поради техничка неисправност и 28 поради нерегистрација.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите. Безбедноста на патиштата е заедничка одговорност и затоа ќе продолжиме со засилените контроли и во наредниот период“, порачаа од МВР.

 

Поврзани содржини