Викенд полн со дрога, никој не внимава на скопските мотоциклисти
Возило со охридски регистерски таблички на излезот од село Пештани изгубило контрола и излетало од патот.
ПРИВЕДЕН ЗАТОА ШТО ПОСЕДУВАЛ МАРИХУАНА – На 22.08.2020 во 23.30 часот во с.Сопиште, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(24) од с.Долно Соње, скопско, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ОДЗЕМЕНА МАРИХУАНА ОД СТРУЖАНЕЦ – На 22.08.2020 во 10.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода М.К.(42) од Струга, поради тоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ФАТЕН ШВЕРЦ НА МАРИХУАНА ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР – На 22.08.2020 во 11.03 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа – Затвор Штип било пријавено дека во затворот, во пакет наменет за затвореникот Х.В., кој го донела неговата мајка Б.В., службени лица пронашле марихуана. Полициски службеници извршиле увид и ја одзеле марихуаната. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЕДЕН СКОПЈАНЕЦ НА МОТОЦИКЛ – На 22.08.2020 во 12.00 часот на ул.„Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А3“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(39) од Скопје и мотоцикл „пијаџо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(41) од Скопје. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
ФРЛИЛ ДРОГА ОД АВТОМОБИЛ, НО ПОЛИЦИЈАТА ЈА НАШЛА – На 23.08.2020 во 03.00 часот на ул.„Железничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.И.(27) од Штип, поради тоа што забележале дека фрлил сомнителен пакет од патничкото возило кое го управувал. Во пакетот, кој го пронашле полициските службеници, имало марихуана и бела грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
УШТЕ ЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ ПОВРЕДЕН ВО СКОПЈЕ – На 22.08.2020 околу 17.20 часот на ул.„Цветан Димов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Е.С.(42) од Куманово и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Б.М.(23) од Скопје. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
НЕЛЕГАЛНО ИСЕЧЕНИ ДРВА ВО ПЕЛИСТЕР – На 22.08.2020 во 09.45 часот во СВР Битола, чувар во Националниот парк „Пелистер“ пријавил дека на стариот пат Ресен-Битола, на место викано „Вртешка“, пронашол повеќе парчиња исечено огревно дрво. Полициски службеници излегле на местото и извршиле увид. Се работи на расчистување на случајот.
ОХРИЃАНКА КАСНАТА ОД КУЧЕ – На 22.08.2020 во 22.25 часот во СВР Охрид, Б.К.(23) од Скопје пријавила дека на бул. „Туристичка“ била касната од куче скитник.
ПРЕВРТЕНО ВОЗИЛО КАЈ ПЕШТАНИ – На 22.08.2020 во 19.30 часот на регионалниот пат Св.Наум – Охрид, на излезот од с.Пештани, патничко возило „опел астра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.С.(31) од Охрид, изгубило контрола и се превртело. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид. Увид извршила екипа од СВР Охрид.
УЛИЧНО КУЧЕ КАСНАЛО ЖИТЕЛКА НА КИЧЕВО – На 22.08.2020 во 14.10 часот во Полициската станица Кичево, С.А.(24) од Кичево пријавила дека на ул.„Партизански одреди“ во Кичево била касната од куче скитник.