ВИКЕНД Е, А НЕМА РЕДИЦИ НА ГРАНИЦА На „Табановце“ и „Богородица“ се поминува за половина час
На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од земјава.
Нема поголеми задржувања на граничните премини за влез и излез од државата. Иако фреквенцијата на возила е зголемена, на најпрометните гранични премини ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез се чека од 15 до 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од земјава.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.