Викенд без ДДВ: Купувајте домашни производи, државата го враќа целиот износ на ДДВ

Највисокиот износ за кој граѓаните би имале право на враќање на целиот износ на данок изнесува 30.000 денари вкупен промет регистриран во сите фискални сметки кои се издадени во овие денови.

1,671

Граѓаните за прометот што ќе го направат во овие три дена од продолжениот викенд за домашни производи и услуги и компјутери и ИТ-опрема ќе добијат целосен поврат на платениот ДДВ.

Секој граѓанин ќе добие поврат на целиот ДДВ за направен промет во овие три дена во вкупен износ до 30.000 денари. За тоа да го добијат повратот на ДДВ, граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки, во рок од три дена од издавањето. Скенирањето се врши преку апликацијата Мој ДДВ, а парите ќе му бидат вратени во рок од 15 дена на трансакциска сметка.






Меркате, која е дел од четвртиот економки пакет мерки вреди 470 милиони евра

Највисокиот износ за кој граѓаните би имале право на враќање на целиот износ на данок изнесува 30.000 денари вкупен промет регистриран во сите фискални сметки кои се издадени во овие денови. За прометот над 30.000 денари ќе важат воспоставените правила за поврат на 20 отсто од платениот ДДВ за домашните производи и услуги и 10 отсто за странските, а повратот ќе се врши по истекот на тримесечјето.

Проценките се дека со оваа мерка кај граѓаните ќе се слеат 17.000 милиони евра, а целта е да се поттикне прометот на домашни производи и услуги, како и заради зголемена дигитализација на нашето општество.

Моментално околу 350 000 граѓани кои се регистрирани во системот МојДДВ можат да ја користат оваа мерка, но секој кој сака поврат на ДДВ од прометот направен за продолжениот празничен викенд ќе треба да се регистриа во системот на УЈП. Се очекува бројката на регистрирани граѓани во системот да се искачи на 400 000 граѓани.

За реализација на оваа мерка вчера беа донесени законски измени од страна на Собранието, а Управата за јавни приходи искажа подготвеност за нејзино спроведување.

Поврзани содржини