ВИЕНСКИОТ КОНЦЕРТ ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ САМО ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ СО „БУСТЕР“ ДОЗА Во гледалиштето го немаше канцеларот

Според најновите правила во Австрија, на настани со повеќе од илјада гости можат да присуствуваат само оние кои примиле „бустер“ доза од вакцината.

567

Во Виена заврши традиционалниот Новогодишен концерт пред многу помалку публика од вообичаеното, а во гледалиштетот не присуствуваше ниту австрискиот канцелар Карл Нехамер.

– Оваа тешка ситуација поради пандемијата бара многу од сите нас, па мислам дека моето доаѓање ќе испрати погрешен сигнал – напиша Нехамер на Фејсбук во четвртокот, додавајќи дека концертот ќе го следи на телевизија.






И покрај помалиот број луѓе кои ќе го слушаат концертот во живо, диригентот Даниел Баренбоим пред настанот рече дека е среќен што концерот нема да се одржи пред празен аудиториум. Тој рече дека сака да ги потсети луѓето на важноста на музиката.

– Се надевам дека тоа ќе инспирира некои политичари ширум светот навистина да размислуваат за важноста на духовната потреба на населението за музика – рече тој.

Маестрото, кој има 79 години, по трет пат диригира со Виенската филхармонија, по концертите во 2009 и 2014 година. Концертот се емитуваше во 92 земји.

Минатата година диригент беше Рикардо Мути, а Филхармонијата изведуваше полки и валцери пред празна сала.

Бројот на гледачи годинава беше ограничен на илјада луѓе, поради што 700 кои имаа билет не можеа да го проследат концертот. За нив ќе биде резервирано место за настапот следната година.

Според најновите правила во Австрија, на настани со повеќе од илјада гости можат да присуствуваат само оние кои примиле „бустер“ доза од вакцината.

Поврзани содржини