Виенски институт: Бизнисот се сели од Азија, нова шанса за Западен Балкан

Германските компании во периодот од 2010 до 2019 година вложиле 2,5 милијарди евра во Западен Балкан.

809

Земјите од Западен Балкан би можеле да имаат корист од трендот на враќање на производството од Азија во Европа, оценува Виенскиот економски институт (WIW) во студија „Стануваме посилни по ковид-19: Потенцијал за приближување на земјите од Западен Балкан“.

Студијата е подготвена во соработка со стопанските комори во регионот, а е финансирана од германското Министерство за економска соработка и развој.






Според авторите на студијата, овој тренд на враќање на производството од Азија во Европа може да биде од корист на земјите од регионот и да им донесе директни инвестиции од неколку милијарди евра.

Сепак, за да се постигне тоа, сметаат економистите, земјите од регионот мора да вложуваат во образовниот систем и изградбата на транспортна инфраструктура.

– Како резултат на протекционистичките тенденции во светската трговија, уште минатата деценија е почнат процесот на враќање на производството од Азија во близина на старите индустриски земји – изјави Бранимир Јовановиќ, коавтор на студијата на нејзината презентација.

Според него, тој процес ќе се интензивира во Европа по пандемијата.

– Економиите на Западен Балкан би можеле јасно да профитираат од враќањето на производството, доколку го реализираат својот дел од задачата – вели Јовановиќ.

Тоа според него, јасно го покажа истражувањето на Германската стопанска комора

– Иако само мал дел од анкетираните компании спроведуваат промена во синџирот на снабдување и производство, ова може да донесе повеќе милијарди долари директни инвестиции во земјите од Западен Балкан – посочува тој.

Тој потсетува дека германските компании инвестираа 2,5 милијарди евра во Западен Балкан и 1,7 милијарди евра низ светот во периодот од 2010 до 2019 година.

– Овој податок покажува дека има уште многу простор за другите западноевропски инвеститори, како што се Холандија, Швајцарија и Австрија – вели Јовановиќ.

Студијата им препорачува на земјите од Западен Балкан, покрај отстранувањето на „старите проблеми“, како што е политичката нестабилност, да го променат и инвестициското опкружување.

– Пониските трошоци за плата и ниските даноци повеќе не играат одлучувачка улога. Странските инвеститори првенствено бараат добро квалификувана работна сила и инфраструктура – рече Јовановиќ.

Според него, ова бара поголеми расходи за образовниот систем, зголемен фокус на двојното образование и изградба на транспортна инфраструктура.

Студијата ги анализира и детерминантите на странските директни инвестиции во Западен Балкан и Источна Азија, обидувајќи се да дадат подетален увид во причините за инвестирање во економиите на Западен Балкан, во споредба со економиите во Источна Азија.

Анализата исто така открива дека подобрувањето на соработката помеѓу домашните и странските компании има потенцијал за обезбедување позитивни технолошки прелевања и врски на добавувачи со домашни компании и би биле од корист на локалните фирми.

Според економистите, засилувањето на регионалната соработка и постигнување повисоко ниво на регионалната интеграција би била исто така корисно, како за странските инвеститори, бидејќи тие би биле во можност да ги обезбедат регионално, но  и за локалните компании, бидејќи тоа ќе им овозможи да соработуваат со странски компании.

Анкетите направени со компаниите странски инвеститори во земјите од Западен Балкан, пак ги покажуваат дбрите и лоши страни на економското опкружување на овие земји, кое треба да се промени за да се овозможи зголемени вложувања на Балканот во однос на Азија.

Поврзани содржини