ВИЕНСКАТА ШНИЦЛА ОДИ ВО ИСТОРИЈАТА? Австрија останува без своето препознатливо јадење
Иако виенските шницли засега сѐ уште се на менито, 35 отсто од рестораните во Виена веќе избришале некои јадења поради високите цени.
Големите покачувања на цените претставуваат огромен товар за рестораните во Австрија, па некои угостиели Сопственикот на познатиот ресторан „Штернберг“ во покраината Карнтен (Корушка), Штефан Штернад „се закани“ дека наскоро ќе ја отстрани и виенската шницла од менито.
– Ако цените продолжат да растат, тогаш следната година веќе нема да имаме ништо што се готви на масло, бидејќи тие јадења ќе станат неисплатливи. Соочени сме со поскапување до 300 отсто, коешто не можеме да го пренесеме на гостите – изјави тој.
Друга угостителка од австриската престолна посочи дека оваа година двапати морале да ги менуваат цените на менито. Телешкиот стек сега чини 20,50 евра, а во јануари – 18,50 евра. Самите набавки за работата и на нејзината гостилница од февруари досега се поскапи за 227 отсто.
Иако виенските шницли засега сѐ уште се на менито, 35 отсто од рестораните во Виена веќе избришале некои јадења поради високите цени.