ВИЕ САМО ФРЛАЈТЕ, ИМА КОЈ ДА ЧИСТИ ПО ВАС! Комунална хигиена собра купишта кабаст отпад фрлен од несовесни скопјани

462

Со пристигнувањето на пролетта скопјани полека ги засукуваат ракавите и започнуваат со чистењето на подрумите, реновирање на домовите, а повеќето несовесни граѓани кабастиот отпад го оставаат покрај контејнерите за смет, што дополнително ја отежнува работата на вработените во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

„За време на викендот ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изврши подигнување и транспорт на речиси 30 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани на улиците 23 Октомври, Крсте Асенов, Рузвелтова, Партизански одреди, Теодосиј Гологанов, Васил Ѓоргов, Ѓорче Петров, Васил Чакаларов и реонот околу Градскиот стадион, во скопските општини Аеродром, Чаир, Карпош, Ѓорче Петров и Центар“, се наведува во соопштението.






Како што информираат од претпријатието, во текот на март, нивни тнр. Еко-патроли изготвиле 82 едукативно – информативни записници за лица коишто се затекнати при неправилно одлагање на вкупно 215 кубни метри градежен и кабаст отпад на јавни и сообраќајни површини

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на изминатиов викенд целосно ја исчистиле патеката покрај кејот на реката Вардар, каде што се одржа интернационалното Дуатлон првенство. На потегот од скопското Кале до хотел „Александар Палас“ било извршено рачно и машинско метење, а отстранет е и непрописно фрлениот отпад покрај патеката, информираат од претпријатието.

Поврзани содржини