Вие не сте проевропска Влада, со вас завршува секаков муабет за Европа!

Ви пропаднаа сите приказни, барем искрено соочете се со избирачите, кои одамна ве имаат прочитано. Вака само, со оваа ароганција, само уште повеќе тонете и нѐ пропаѓате.

1,442

Ковачевски: Со проевропска влада, Македонија во следниот мандат ќе биде членка на ЕУ!

Тројна лага!






Прво, не сте проевропска влада, туку фасадно така се декларирате за да си го покриете криминалот.

Второ, нема како да предводите влада или да имате мандатар.

Трето, ниедна влада, ни сите влади заедно, не ја внесуваат Македонија во следни 4-6 години.

Ви пропаднаа сите приказни, барем искрено соочете се со избирачите, кои одамна ве имаат прочитано. Вака само, со оваа ароганција, само уште повеќе тонете и нѐ пропаѓате.

***

Еве го производот на влада и прости луѓе кои добија шанса да не оправат после режимот, а наместо тоа – станаа уште полоши.

Само 24 отсто или приближно секој четврти граѓанин во Македонија ги поддржува уставните измени.

Од младите луѓе на возраст од 18 до 24 години, само половината го поддржуваат членството во ЕУ.

65 отсто, односно над две третини од сите испитаници, сметаат дека измените на Кривичниот законик се донесени за заштита на политичките елити од минати криминални дејствија.

***

Ене го премиерот збори глупости за ЕУ на трибини, во меѓувреме, заради измените на КЗ застаре и Маѓар Телеком и Али, Муса и Бучко никад нема да одговараат за милионски криминал.

Ова се луѓето кои се дел од коалиција или блиски до актуелната власт.

Тука завршува секој муабет за Европа …

(Фејсбук статуси на авторот)

Поврзани содржини