Вие и евробирократот сте во заминување, вашите зборови не вредат пет пари!

Срамота е Рама да има пожесток и пореален став од целата влада, од албанските политички криминалци во Македонија, од квази-прогресивците кои гледаат да купат ден повеќе за нивните лични интереси.

1,669

Евробирократ во заминување, кој за помалку од година дена нема никаде да фигурира, ви даде временска рамка.

Еврочинител од моќна членка, која веќе ни го спопика, ви кажа дека ќе мора да се прават реформи, па ќе видиме.






Една од тие реформи е да нема национално вето.

Но, вие сте толку брзи, што решивте бугарското вето да го интегрирате во преговарачка рамка и направите европско.

Да не збориме дека од домашни реформи нема да има ништо во ова криминално дувло.

Да не збориме дека и вие како евробирократот сте на пат на заминување, од кој нема враќање.

Вашите и неговите зборови не вредат пет пари.

И срамота е Рама да има пожесток и пореален став од целата влада, од албанските политички криминалци во Македонија, од квази-прогресивците кои гледаат да купат ден повеќе за нивните лични интереси.

(Фејсбук статус на авторот. Насловот и поднасловот се редакциски)

Поврзани содржини