„ВИЕ АМЕРИКАНЦИТЕ СИ ИЗБРАВТЕ КРАЛ“ Принцот Хари за Доналд Трамп во „Лејт најт шоу“

Гостувањето беше најавено со кратко хумористично видео кое го споделија тој, Стивен Колбер и војвотката Меган Маркл на социјалните мрежи.

0

Британскиот принц Хари се пошегува на сметка на претседателот на САД Доналд Трамп, за време на неговото неочекувано појавување во емисијата „The Late Show“ на Стивен Колбер, велејќи дека Американците си „избрале крал“.

Војводата од Сасекс се појави во комичен скеч на американската телевизија Си-Би-Ес, во кој се глуми сам себе на „аудиција“ за улогата на божиќен принц во измислен ТВ филм. Шегувајќи се на сметка на американската „опседнатост“ со монархијата, Хари рече дека САД „избрале крал“, алудирајќи на Трамп, што предизвика реакција од публиката, пренесе британскиот „Индепендент“.






Како што се наведува, принц Хари ја допре и темата за нагодбата на Си-Би-Ес со Трамп по неговата тужба дека во емисијата „60 Минути“ наводно била фаворизирана Камала Харис, противкандидатката на Трамп од редовите на демократите на претходните претседателски избори.

Хари, глумејќи кандидат очаен за улогата, додаде дека „би направил сѐ“ за таа работа, вклучително и „решавање на неоснованата тужба со Белата куќа“. Во скечот, Хари на крајот ја добива улогата.

Гостувањето беше најавено со кратко хумористично видео кое го споделија тој, Стивен Колбер и војвотката Меган Маркл на социјалните мрежи. Ова е второ појавување на принц Хари во емисијата „The Late Show“.

Принц Хари и Меган Маркл живеат во Калифорнија откако се повлекоа од активните кралски должности во 2020 година.

Поврзани содржини