ВИДОВ ЕДНИ МОМЦИ КАКО ДУВААТ ЛЕПАК И ПРЕТПОСТАВУВАТЕ ШТО ИМ СЕ СЛУЧИ Вучиќ се правда дека никогаш во животот не пробал цигара ниту дрога (ВИДЕО)
Веројатно секогаш кога ќе ја заштитите својата земја и ќе им кажете на странските ангенти дека лажат, тие секогаш ќе ви каќат дека сте пијан и под дејство на опојни материи, кратко искоментира српскиот претседател Александар Вучиќ.
Никогаш во животот не сум запалил цигара или пура и никогаш во животот не сум видел никаква дрога. Вака српскиот претседател Александар Вучиќ одговори на критиките дека бил пијан за време вчерашната видео-порака што ја испратил преку социјалната мрежа Инстаграм.
– Веројатно секогаш кога ќе ја заштитите својата земја и ќе им кажете на странските ангенти дека лажат, тие секогаш ќе ви каќат дека сте пијан и под дејство на опојни материи – кратко искоментира Вучиќ.
Потоа тој раскажал анегдота од детството.
– Кога имав 17 години имаше натпревар меѓу Железничар и Црвена Звезда. Беше среда и ние отидовме да го гледаме тој натпревар. Тогаш видов некои момци како дуваат лепак и веднаш се скарав со нив, а да не зборувам што им се случи потоа. Беше некаде помеѓу Адашевац и Винковци. Никогаш во животот не сум видел или пробал такво нешто. Сакам само да им кажам на луѓето да видат какви лажговци се – изјави Вучиќ.
Цврсто убеден во пијаната состојба на Вучиќ е и потпретседателот на Собранието и лидер на Демократската партија, Зоран Лутовац, кој на прашањето дали мисли оти намерно се одложува потпишувањето на германско-францускиот план, рекол:
– Со оглед на тоа што Вучиќ беше јасно пијан, можеби треба да ја игнорираме неговата најава. Но, ако се држи до тоа откако ќе му помине мамурлакот, тогаш вашето прашање има смисла…“
Во продолжение, чујте го и видете го видео-обраќањето на српскиот претседател:
View this post on Instagram