(ВИДО) СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА, ХАОС ВО ЗАГРЕБ Две лица го загубија животот, има многу повредени

Во попладневните часови делови од Хрватска се зафатени од ново силно невреме, со силен ветер и поројни врнежи од дожд.

881

Во големото невреме што го зафати Загреб околу 16 часот, загинаа двајца мажи, а повеќе луѓе се повредени, потврди за хрватските медиуми, Љупка Хитрова од Наставниот институт за итна медицина на Град Загреб.

-Имаме двајца мажи кои загинаа како последица од паѓање на дрва. Имаа повеќе повреди на главата, рече Хитрова, пренесува Индекс.хр






Таа додаде дека во Институтот се прават спецификации, но дека има голем број повредени во целиот град, а некои се многу тешко повредени.

Во попладневните часови делови од Хрватска се зафатени од ново силно невреме, со силен ветер и поројни врнежи од дожд. Невремето предизвика посебен хаос во Загреб.

Новото невреме од Словенија се движи кон северозападна Хрватска и напредува кон централна Хрватска.

 

Поврзани содржини