📽️ ВИДЕОТО ОД ИНЦИДЕНТОТ ГИ ВОЗНЕМИРИ СИТЕ Ѕвездата на „Беверли хилс“ претепан среде улица
Американскиот актер Иан Зиринг (59), најпознат по улогата во хит серијата „Беверли Хилс 90210“, учествувал во улична тепачка со моторџиска банда во Лос Анџелес, пишува „Пејџ сикс“.
Американскиот актер Иан Зиринг (59), најпознат по улогата во хит серијата „Беверли Хилс 90210“, учествувал во улична тепачка со моторџиска банда во Лос Анџелес, пишува „Пејџ сикс“.
На видеото се гледа дека актерот во неговото возило го опколиле моторџии, а снимката стана вирална. Зиринг излегол од автомобилот и удрил еден од „моторџиите“.
Откако Зиринг удрил еден од нив, четворица мотоциклисти го опколиле и почнале да го тепаат. Подоцна актерот почнал да бега додека останатите од бандата го ловеле.
Не е познато што ја предизвикало тепачката, но според странските медиуми, се претпоставува дека е затоа што еден од возачите удрил во автомобилот на актерот.
Full Size Actor Ian Ziering, best known for his role in “Beverly Hills 90210,” appears to have been caught on camera in a fight with a group of people riding motorized mini bikes in Hollywood on New Years Eve.
https://t.co/dZ2ftVWr48— @amuse (@amuse) January 1, 2024
На раскрсницата на булеварот Холивуд и авенијата Хајленд била повикана полиција за дојава за тепачка.
Направен е официјален извештај, во кој актерот е именуван како жртва. Полицијата се уште не ги уапсила напаѓачите и го истражува инцидентот.