Видеопорака на сопругата на претседателот до жртвите на семејно насилство: Постои излез, без разлика на пандемијата

Жртвите на насилство можат да го напуштат домот во периодот на забрането движење за да побараат помош во здравствени установи, најблиската полициска станица или првото службено лице кое ќе го сретнат.

389

Кабинетот на претседателот на државата како дел од активностите за подигнување на јавната свест за прашањата кои ги погодуваат ранливите групи во време на кризата предизвикана од коронавирусот, сними видео порака со сопругата на претседателот на Елизабета Ѓоргиевска, на тема семејно и родово базирано насилство. Целта е да се упати апел за солидарност и поддршка на сите за кои домот во овие моменти не е најбезбедното место, и да се охрабрат жртвите да го пријавуваат насилството, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

– Поради пандемијата, поминуваме повеќе време во нашите домови, но, домот не секогаш е најбезбедното место за многумина.






Организацијата на Обединетите Нации и граѓанските организации алармираат за пораст на ризикот од родово базирано и семејно насилство во услови на оваа пандемија. Жртвите на семејно насилство се соочуваат со исклучителна опасност кога мораат да останат во домовите со насилниците, со ограничен пристап до мрежата на поддршка и заштита.

Нашето општество не е исклучок од глобалните трендови. Затоа е важно жртвите да знаат дека:

– постои излез, без разлика на пандемијата

– пријавете насилство во полиција, во центрите за социјална работа, на СОС линиите, кај граѓанските организации, матичните лекари;

– информирајте ги блиските пријатели или роднините во кои имате доверба;

Жртвите на насилство можат да го напуштат домот во периодот на забрането движење за да побараат помош во здравствени установи, најблиската полициска станица или првото службено лице кое ќе го сретнат.

Солидарноста, емпатијата и меѓусебната поддршка ни се потребни да ги надминеме овие тешки денови.

И не заборавајте, во ова не сте сами.

Видео пораката е во соработка со Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации во Северна Македонија.

Поврзани содржини