ВИДЕОЛОТАРИЈА НА 2 АВГУСТ ЌЕ НАВИВА ЗА МАКЕДОНИЈА Натпреварот со Романија ќе се игра во Куманово

Средбата Македонија – Романија ќе стартува од 20 часот, со директен пренос на програмата на МРТВ.

135

Видеолотарија Касинос Австрија ќе биде дел од навивачите кои ќе ја бодрат машката кошаркарска сениорска репрезентација на Македонија на почетокот од претквалификациите за Светскиот куп 2027.

На големиот празник Илинден, на 2 август со почеток во 20 часот, во спортската сала во Куманово, машката сениорска репрезентација на Македонија за противник во првото коло од натпреварите во групата Е ја има селекцијата на Романија.






Овој натпревар е дел од втората фаза во претквалификациите за Светскиот куп во 2027 година. Во август, нашите најдобри кошаркари ќе одиграат четири натпревари во претквалификациите. Македонија е дел од групата Е, во која се и репрезентациите на Романија и Унгарија.

Средбата Македонија – Романија ќе стартува од 20 часот, со директен пренос на програмата на МРТВ.

– Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија придонесува за поголеми успеси во македонскиот спорт. Со верба, гордо и силно, утре, на Илинден ќе навиваме за црвено-жолтите – велат од компанијата.

 

Поврзани содржини