ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ПОДДРЖУВА КУЛТУРА Балетот „Шехерезада“ доаѓа во Скопје со врвни уметници
На 5 декември 2025, балетот „Шехерезада“ ќе оживее пред македонската публика со солисти од Унгарија и врвни уметници, поддржан од корпоративната мисија за културна инспирација.
Денеска со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетот Шехерезада од Николај Римски-Корсаков. Балетот е базиран на мотивите од „Илјада и една ноќ” и претставува еден од бисерите на светскиот балетски репертоар.
Диригент е Бисера Чадловска, кореографијата ја потпишува познатиот московски балет-мајстор Михаил Крапивин, а базирана е на оригиналната постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е дело на Марија Ветероска, костимографијата на Маја Бурсаќ од Србија, а концерт-мајстор е Верица Ламбевска.
Во балетската претстава ќе настапат: Наташа Трендафилова-Гицев и Балаж Лочеи (Унгарија) заедно со првенците, истакнати солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Поддршката на културните проекти претставува значаен дел од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија.
– Веруваме дека културата е двигател на убавина, инспирација, духовност и заедништво – вредности што ја збогатуваат заедницата и го унапредуваат општествениот живот. Горди сме што стоиме зад настани кои ја подигнуваат културната сцена во земјата – велат од Видеолотарија.