ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИСПЛАТИ ОКОЛУ 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА НА ИГРАЧИТЕ Во септември имало 5 супер милионери и 23 милионери
Видеолотарија Касинос Австрија им исплати 77.017.392 денари (околу 1.250.000 евра) на своите играчи на ВЛТ терминалите ширум Македонија во септември. Овие бројки не се само статистика, тие претставуваат илјадници нови среќни приказни, велат од компанијата.
– Среќни бројки во септември: 5 Супер милионер џекпот добитници заедно поделија 32.674.350 денари, 23 Милионер џекпот добитници добија вкупно 34.310.057 денари, а играчите на Мини џекпот поделија 10.032.985 денари – соопштија од Видеолотарија.
Оттаму додаваат дека Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди.
– Во изминатите 11 години, на среќните играчи низ Македонија им се исплатени преку три милијарди денари – доказ за транспарентност, стабилност и лидерска позиција во областа на електронските игри на среќа. Септември докажа дека среќата секогаш е тука, на ВЛТ терминалите на Видеолотарија Касинос Австрија – порачуваат од Видеолотарија.