ВИДЕОЛОТАРИЈА ИСПЛАТИ 46.845.778 ДЕНАРИ НА ИГРАЧИТЕ ЗА МАРТ Алармот за „Милионер џекпот“ се активираше 14 пати
Играч од Прилеп го освои најпосакуваниот џекпот, Супер Милионер вреден 18.936.936 денари.
Март беше среќен месец за играчите на видеолотариските терминали. Во текот на овој месец, Видеолотарија им исплати на играчите фантастични 46.845.778 денари за добивки.
Играч од Прилеп го освои најпосакуваниот џекпот, Супер Милионер вреден 18.936.936 денари, а сигналот за Милионер џекпот се повтори 14 пати. Збирно за оваа добивка на играчите им се исплатени 21.633.924 денари. Во март се радуваа и играчите кои за добивката Мини џекпот, поделија 6.274.918 денари.
– Забавата на видеолотариските терминали продолжува и во април – велат од Видеолотарија.