ВИДЕОЛОТАРИЈА ГО РЕКОНСТРУИРАШЕ 20-TO ИГРАЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Терен за фудбал, ракомет, кошарка и за одбојка во Моноспитово

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија го пушти во функција мултифункционалното игралиште во селото Моноспитово, општина Босилово. За неговата реконструкција Видеолотарија донираше 4.315.391 денари.

32

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија го пушти во функција мултифункционалното игралиште во селото Моноспитово, општина Босилово. За неговата реконструкција Видеолотарија донираше 4.315.391 денари.

Видеолотарија Касинос Австрија со буџет од милион евра овозможи фунцкционалност на 20 игралишта низ Македонија досега, од кои најново е мултифункционалното игралиште во Моноспитово.






„Со задоволство споделуваме со јавноста дека овозможивме функционалност на 20 игралишта низ Македонија, со што придонесуваме за општествениот развој и унапредување на животот на луѓето во нашата земја. Со донација од 4.315.391 денари, овозможивме функционалност на најновото спортско игралиште, комплетно оспособено за ракомет, фудбал, кошарка и одбојка. Поставена е нова подлога и нова ограда, обезбедени се и сите потребни спортски реквизити, кои ќе овозможат нови спортски навики кај младите, но и сите други жители“, соопшти Видеолотарија.

Градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев изрази благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за донацијата и успешната соработка. Тој нагласи дека оваа донација е значајна и корисна за развојот на спортската инфраструктура.

Од Видеолотарија порачуваат дека активностите продолжуваат.

„Видеолотарија Касинос Австрија одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра“, соопшти компанијата.

 

Поврзани содржини