(ВИДЕО) ЗАТВОРЕТЕ ГИ ПРОЗОРЦИТЕ И НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ ОД ДОМА! Пожар избувна во фабрика за хемиски растворувачи во Италија

По неколку часа борба, пожарникарите успеаја да го изгаснат огнот, а италијанските медиуми објавија дека голем црн облак се движи во правец кон Ломбардија.

650

Голем пожар денеска изби во фабрика за преработка на хемиски растворувачи во градот Новара на северот на Италија.

Локалните власти им забранија на граѓаните да не отвораат прозорци и да не ги напуштаат домовите доколку тоа е неопходно, а на училиштата кои имаа настава да не ги отвораат прозорците.






Станува збор за фабрика на хемиската компанија „Ками“.

По неколку часа борба, пожарникарите успеаја да го изгаснат огнот, а италијанските медиуми објавија дека голем црн облак се движи во правец кон Ломбардија.

Според очевидци, се слушнале и експлозии, а целата индустриска зона била евакуирана.

Засега нема информации дали има загинати или повредени лица.

Во продолжение, погледнете го видеото:

Поврзани содржини