(ВИДЕО) ЗАТРУПАНИ И ПОВРЕДЕНИ ВО ГАРАЖА ШТО КОЛАБИРАШЕ ВО ЊУЈОРК Од што попушти конструкцијата?

1,281

Најмалку три лица се повредени, а се стравува дека e можно да се затрупани повеќе луѓе, откако вчера нешто по 16 часот по локално време се урна јавна гаража во Њујорк на улицата Ен на Менхетен.

Претставници на Њујоршката противпожарна служба соопштија дека неколку луѓе се повредени и предупредија дека повеќе луѓе би можеле да бидат заробени и затрупани во урнатините.






Екипите за итна помош се упатиле на местото на несреќата и се обидуваат да интервенираат од надворешната страна на зградата поради страв од дополнително уривање и можна нестабилност на конструкцијата, јавија медиумите.

Видео-снимките од местото на настанот покажуваат повеќе автомобили наредени еден врз друг, покриени со големи количества искршен бетон.

Поврзани содржини