(ВИДЕО) ЗАСЕДАВА ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ Власта е делегитимирана, годинава да одиме на предвремени избори

Втората тема која ја разговаравме на ИК е апел и барање до претседателот на Собранието да не го злоупотребува Деловникот. Тој е таму на таа позиција за да се овозможи да се носат одлуки, без разлика дали одлуката и се допаѓа на власта или не и се допаѓа, порача членот на ИК и пратеник Антонио Милошоски.

1,191

Во тек е Извршниот комитет имаме седница и ВМРО-ДПМНЕ уште на првата точка разговараше за актуелната политичка состојба, поврзана со предложените владини уставни измени во Собранието, изјави членот на ИК и пратеник Антонио Милошоски.

– Првиот заклучок беше поддршка и благодарност од страна на Извршниот комитет за сплотеноста на пратеничката група и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кои што покажаа дека ја почитуваат волјата на народот и се против вакви наметнати уставни измени под диктатот од официјална Софија.

Втората тема која што исто така ја разговаравме во овој контекст е апел и барање до претседателот на Собранието да не го злоупотребува Деловникот. Тој е таму на таа позиција за да се овозможи да се носат одлуки, без разлика дали одлуката и се допаѓа на власта или не и се допаѓа. Тоа што Ковачевски и Ахмети се разочарани што немаат едвај 70 пратеници, не значи дека на другите пратеници не треба да им се дозволи да гласаат и да се види дека оваа иницијатива е пропаднат проект на СДС и ДУИ.

И третата работа која што сметаме дека е политички исправна и потребна за Македонија во овој момент, е заклучокот на Извршниот комитет дека оваа власт е делегетимирана – рече Милошоски.

Легитимитетот на СДС и ДУИ, не само во однос на уставните измени, но исто така и во економијата, образованието, пензионерите, студентите, стопанството, е целосно нарушена и не нудат решение, туку создаваат повеќе проблеми и затоа сметаме дека излезот од ваквата состојба би биле предвремени парламентарни избори во текот на оваа година, истакна тој.

– Тоа би требало да се договори со консензус на сите политички партии, да ги направат во најкус можен рок потребните измени и дополнувања на Изборниот законик и да одиме на избори за да може граѓаните кои го носат суверенитетот да ја донесат одлуката за решенијата за ваквата проблематична состојба во која што власта ја донесе Македонија – порача Милошоски.

 






Поврзани содржини