(ВИДЕО) ВОЗДУШНИ НАПАДИ И ЕВАКУАЦИЈА ВО КИЕВ, ДРОНОВИ НАД МОСКВА Руските и украинските сили во засилена престрелка
Експлозии во градот. Останете во засолништата! - предупреди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на комуникациската платформа Телеграм.
Неколку експлозии се слушнаа денеска во украинскиот главен град Киев откако беше прогласена воздушна тревога низ целата земја, додека воздушниот простор над московскиот аеродром Внуково беше привремено затворен и сите летови беа прекинати поради присуство на дронови во областа и закана од напади.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, им порача на граѓаните да останат во засолништа. Градските власти соопштија дека дејствува противвоздушната одбрана и дека украинските воздухопловни сили откриле руски суперсонични ракетни напади во реонот на Киев.
„Експлозии во градот. Останете во засолништата!“ – напиша Кличко на комуникациската платформа Телеграм.
Тој рече дека остатоци од соборена ракета паднале на просторот на детската болница во градот, но дека нема повредени.
⚡An explosion occured in #Moscow
A drone exploded near the Karamyshevskaya embankment. pic.twitter.com/lHfW8BE11D
— NEXTA (@nexta_tv) August 11, 2023