(ВИДЕО) ВО ТИЛА ОСТАНА САМО ПУСТОШ И ЗГАРИШТЕ Пожарот збриша сè во прилепската конфекција

Со скршено срце од компанијата прашуваат: „Зошто не можеше да се спречи пожарот кога започна само на покривот од зградата?!“

1,424

Прилепската конфекција „Тила“ на својата фејсбук-страница објави видео на кое можат да се видат последиците од страотниот пожар што изби вчера попладне и беше угаснат со интервенција на најмалку 20 пожарникари и 10 противпожарни возила дури по полноќ.

Прилепските пожарникари со часови се бореа со огнената стихија која прво ја зафати покривната конструкција со сончевите панели.






Како што може да се види од снимката, во просториите се е црно, распаднато и уништено.

Со скршено срце од компанијата прашуваат „Зошто не можеше да се спречи пожарот кога започна само на покривот од зградата?!!!“

Од компанијата уште вчера информираа дека во пожарот им изгорело сè што имале во погонот.

Причините за пожарот сè уште не се утврдени, а се и процена на направената штета.

Во моментот на избивањето на пожарот фабриката не работеше и нема повредени – објавија од компанијта и се заблагодарија за поддршката.

 

БОРБАТА СО ПОЖАРОТ ТРАЕШЕ ЦЕЛИ 12 ЧАСА Згасна пламенот во прилепската конфекција „Тила“

 

(ГАЛЕРИЈА) ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ УШТЕ НЕ СЕ ПОЗНАТИ Сопствениците на „Тила“ објавија фотки од опожарената конфекција

Поврзани содржини