(ВИДЕО) УШТЕ ЕДНА ПЕЈАЧКА ПОГОДЕНА НА КОНЦЕРТ На Ели Гудинг ѝ долетало пиротехничко средство в лице од публиката

Додека пејачката Ели Гулдинг (36) ја изведувала песната „Miracle“ на „Викториус фестивал“ во Портсмут, некој од публиката ја погодил в лице со пиротехничко средство кое се користи за специјални ефекти.

209

Додека пејачката Ели Гулдинг (36) ја изведувала песната „Miracle“ на „Викториус фестивал“ во Портсмут, некој од публиката ја погодил в лице со пиротехничко средство кое се користи за специјални ефекти.

Потоа, пејачката скокнала и опцула и накратко се фатила за лице. За среќа, Ел не била повредена и продолжила да пее како ништо да не се случило.

 






@random.15071 #elliegoulding #victoriousfestival ♬ original sound – Emilia hollands


Сепак, ова не е првпат музичар да доживее ваков „напад“ на сцената. Во рамките на својата турнеја во Њујорк, пејачката Бебе Реџа (33) доживеа непријатна ситуација поради која мораше да побара и медицинска помош. Откако обожавател ја удри со мобилен телефон во глава, таа завршила со исечена веѓа и три конци.

Раперката Карди Би била удрена со пијалак во текот на настапот, но таа не остана должна, па го зема микрофонот и силно го фрли назад на публиката. Потоа, таа налутено ја напушти сцената и не продолжи да пее.

И пејачот Хари Стајлс (29) беше погоден од непознат предмет во текот на концерт во Виена, а во Чикаго на неговиот колега, музичарот Дрејк, мобилниот му долета во главата.

Музичарката Пинк (43) се најде во најчудната ситуација кога во текот на концертот во Хајд Парк, обожавател од публиката ѝ фрли вреќа со пепелта починатата мајка пред нејзините нозе.

 

Поврзани содржини