(ВИДЕО) УКРАИНСКИ ДРОНОВИ ГО НАПАДНАА КРИМ Запален е резервоар со гориво, нема повредени
Михаил Развозаев, рускиот водач во Севастопол, објави дека во пожарот нема повредени, а на местото на несреќата има 18 противпожарни единици и 60 спасувачи, а се очекува пристигнување на противпожарниот воз.
Голем пожар утрово изби во заливот Козача на Крим. Како што соопшти руската страна гори резервоар за гориво кој е погоден од украински дронови камикази.
Михаил Развозаев, рускиот водач во Севастопол, објави дека пожарот е предизвикан од напад со дрон.
„Гори резервоар за гориво во реонот на улицата Браќа Манганари во заливот Козача. Првичните информации укажуваат дека пожарот бил предизвикан од напад на беспилотно летало. На местото на настанот работат сите потребни специјалци. Областа од пожарот е околу 1.000 метри квадратни“, напиша Развозајев на Телеграм.
Тој наведува дека во пожарот нема повредени. На местото на несреќата има 18 противпожарни единици и 60 спасувачи, а се очекува пристигнување на противпожарниот воз.
„Пожарот нема да влијае на снабдувањето со гориво во Севастопол. Овие резерви не беа искористени за снабдување со гориво на бензинските пумпи“, објави подоцна Развозајев.
Drone attacks are reported on an oil reserve in occupied #Sevastopol. pic.twitter.com/7zkdIzy0T9
— NEXTA (@nexta_tv) April 29, 2023