(ВИДЕО) УКРАИНА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ Зеленски тврди дека преговорите ќе почнат годинава

Го правиме она што е потребно од наша страна и правиме се што е можно за да се осигураме дека ЕУ е исто така целосно подготвена, токму оваа година, истакна украинскиот претседател.

430

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе ги започне преговорите за пристапување во Европската унија оваа година. Зеленски истакнува дека Украина е „целосно подготвена“ за тоа

– Одржав состанок за Евфопската унија и нашата интеграција. Оваа година треба да ги започнеме преговорите за членство. Украина е целосно подготвена за ова – го правиме она што е потребно од наша страна. И правиме се што е можно за да се осигураме дека ЕУ е исто така целосно подготвена. Токму оваа година, истакна украинскиот претседател.






Поврзани содржини