(ВИДЕО) УБАВАТА ГАЛ ГАДО ПРИЗНА ДЕКА КЛЕОПАТРА Е МАКЕДОНКА Ќе се снима нов филм за легендарната владетелка и фам-фатал

Убавата Гал пред две години ја разбесни грчката јавност со изјавата дека Клеопатра е Македонка, а пред два дена се потврди дека долгоочекуваниот ќе се снима и треба да е готов до 2025 година.

1,540

Како прво, ако сакаме да бидеме чесни према фактите, Клеопатра била Македонка. Баравме македонската глумица која може да ја глуми Клеопатра, не најдовме, а јас бев многу желна да ја глумам, изјави уште пред две години за Би-Би-Си познатата глумица Гал Гадо од Израел која сега ќе ја глуми кралицата Клеопатра во нов холивудски филм кој треба да излезе до 2025 година.

Нејзиното признание дека Клеопатра е Македонка, а не Гркинка доби разни коментари во јавноста.






Филмот кој треба да биде снимен до 2025 година ќе го режира Пети Џенкис која го режираше и филмот „Жена чудо“(Wonder Woman), а сценариото ќе биде на Леата Калогридис.

На 1:45 Гадо вели дека Клеопатра е Македонка.

Неодамна Нетфликс сними свој документарец за оваа владетелка на Египет и директна внука на Птоломеј, генералот на Александар Македоски и владетел на македонската империја. По него ќе биде наречена цела лоза Птолемаиди. Нетфликс ја потретираше Клеопатра како Афроамериканка во серијата, што направи огромна поделба меѓу фановите во врска со бојата на кожата.

Тогаш луѓето се караа дали воопшто во Египет некогаш владееле Афроамериканци. Истовремено Коптите во Египет ја сметаат Клеопатра за свое наследство.

Денешениот ден, 22 јули, пак е роденденот на Александар Македонски, далечниот сонародник на Клеопатра. Она што го поврзува со Клеопатра и е мистеријата за неговиот гроб кој според британскиот историчар Ендру Чаг се наоѓа во мумифицираните остатоци под алтарот на црквата свети Марко во Венеција, каде неговото тело било заменето со она на светецот Марко во 4 век од нашата ера, пишува Индепендент.

Всушност, Чаг пред историчарите од Харвард ја изнесе дека телото на Александар Македонски заедно со она на светецот било мумифицирано и скриено, а потоа пренесено во Венеција од страв дека тоа ќе биде спалено и уништено од христијанските бунтовници кои тогаш се бореле во градот Александрија во Египет, но и низ целата римска империја нивната религија да биде легализирана, односно признаена.

Тоа значи дека ова се случило пред времето византискиот цар Константин да го направи токму тоа, да го легализира христијанството. Чаг вели дека дури и самиот патријарх во Венеција можеби ја донел оваа одлука, бидејќи ја знаел големината на Александар и важноста да се зачуваат неговите останки, бидејќи тој е историска личност.

Познато е и дека римските генерали и челници често пати го посетувале гробот на Александар додека тој бил во Александрија, односно во Александрија се смета дека била една од повеќето симболични гробници на војсководецот. Вистинскиот гроб уште не му е познат.

Тезата на Чаг не е потврдена, но им даде многу нов материјал на неговите колеги да размислуваат. Истовремено, потрагата по гробот на големиот Александар Македонски се пресели од Исток на Запад. Но, дури и да е во Венеција закопано телото, прашањето останува дали италијанските власти некогаш би дозволиле да се истражуваат овие останки, со оглед на фактот дека е строго забрането допирањето на артефактите во црквата свети Марко, не само за туристи, туку и за археолози и историчари.

 

Поврзани содржини