(ВИДЕО) ТУРБУЛЕНЦИИ ГИ ФРЛАА ПАТНИЦИТЕ КАКО „ПАРТАЛИ“ Застрашувачка снимка за време на лет на Ер Чајна

Како што се гледа на снимката од летот на Ер Чајна, патниците и екипажот буквално биле „исфрлени“ од нивните седишта за време на турбуленциите што настанале.

1,179

Видеото снимено од патник во Кина на кое се гледа што се случило за време на летот на пат од Шангај до Пекинг минатиот понеделник ги шокираше сите!

Како што се гледа на снимката од летот на Ер Чајна, патниците и екипажот буквално биле „исфрлени“ од нивните седишта за време на турбуленциите што настанале.






Според Дејли Мејл, по инцидентот се повредени најмалку еден патник и еден член на екипажот.

Опишувајќи што се случило, патник на летот рече дека покривот на авионот пукнал и дека бил активиран знакот за излез.

– Првата половина од летот беше мирна. Одеднаш во последните 30 до 40 минути додека патниците доаѓаа и излегуваа од тоалетот, дојде до колапс – изјави еден од патниците на платформата „Веибо“.

– Видов жена на околу 40 години и стјуардеса како ја покрива со телото – рече уште еден патник во летот.

Тој им честиташе на членовите на екипажот бидејќи, како што рече, „и покрај стравот, тие се жртвуваа за да ги заштитат патниците кои не носеа појаси. Потоа со професионализам и смиреност им помогнаа на сите што се здобија со повреди“.

 

Поврзани содржини