(ВИДЕО) ТРОЈЦА МРТВИ, ИЛЈАДНИЦИ ЕВАКУИРАНИ Поплавата во Италија ги покри автомобилите, водата влезе во зградите
Сликите и видеата направени од противпожарната бригада покажуваат цели улици под вода, одрони од кал што ги блокираат патиштата и полиња кои наликуваат на морски пејзажи. Според Цивилната одбрана, само во Емилија Ромања се поплавени 14 реки.
Во поплавите по дводневните обилни врнежи во северните италијански региони Емилија-Ромања и Марке има смртни случаи и предизвикана е штета долж јадранскиот брег на земјата. Крајбрежната област од вчера е зафатена од силно невреме, а три лица го загубија животот, објавија денеска италијанските медиуми.
Еден маж престојувал на приземјето од својата куќа за време на поплавите и се удавил. Има извештаи и за исчезнати лица.
Massive floods and landslides after heavy rains in Cesena, Italy 🇮🇹 (16.05.2023)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/yY0dMMK1fg pic.twitter.com/SUCsIgLYlx
— Disaster News (@Top_Disaster) May 16, 2023
WATCH: Drone footage of the flood hit city Cesena in the Emilia-Romagna region of Italypic.twitter.com/lUIvvAOS30
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) May 17, 2023
Провинциите Равена, Форли-Чезена, Римини и Болоња, а особено градовите Фаенца, Чезена и Форли се најпогодени, соопшти италијанската противпожарна служба и посочи дека распоредила 400 пожарникари и одговорила на 600 повици од вчера наутро.
Пожарникарите ги спасувале луѓето кои останале заробени во нивните домови покрај водата и возачите заглавени во поплавите. Во градот Чезена, каде реката Савио се излеа од коритото, службите за итни случаи спасија десетици луѓе заробени на покривите од нивните куќи.
Сликите и видеата направени од противпожарната бригада покажуваат цели улици под вода, одрони од кал што ги блокираат патиштата и полиња кои наликуваат на морски пејзажи. Според Цивилната одбрана, само во Емилија Ромања се поплавени 14 реки.
Дополнително, имаше прекини на струја во повеќе области и проблеми со телефонските врски. На терен се и италијанските спасувачки тимови за планина за да помогнат.
Според министерот за цивилна одбрана Нело Мусумечи, околу 5.000 луѓе се евакуирани.
– Но, може да има повеќе. Ние сме подготвени да интервенираме – изјави денеска Мусумечи за италијанското радио.
Тој рече дека Владата веќе одобрила 10 милиони евра (10,8 милиони американски долари) за првични трошоци и итни случаи како резултат на поплавите.
Службите за итни случаи користеле хеликоптери за да ги доведат луѓето на безбедно.
Една жена во Фаенца пријавила дека за 10 минути водата се искачила речиси до првиот кат од нејзината куќа.
– Мојата соседка беше сама во куќата со четири мали деца, таа повика на помош и никој не дојде. Останавме со нив цела ноќ, во пижами. Децата плачеа. Тоа е катастрофа – рече таа.
Цивилната одбрана ги повика луѓето на претпазливост во наредните часови. На луѓето кои не биле евакуирани, им било кажано да се засолнат на повисоките катови од зградите, на пример.
Премиерката Џорџија Мелони ја изрази својата „целосна солидарност“ со луѓето во погодените региони.
„Владата внимателно го следи развојот на настаните и е подготвена да ги преземе неопходните мерки за олеснување“, напиша Мелони на Твитер.