(ВИДЕО) ТРИ ДЕЦА СЕ МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ ВО НАПАДОТ ВРЗ КРАМАТОРСК Градот е клучна цел на Русите во Доњецк

Спасувачите ги пребаруваат остатоците од зградата и бараат луѓе кои можеби се наоѓаат под урнатините, се додава во соопштението.

386

Бројот на загинати во рускиот напад врз ресторан во градот Краматорск во источна Украина е најмалку осум, а 56 се повредени, според новите информации од службите за итни случаи.

Меѓу загинaтите има три деца, соопшти украинската служба за итни случаи.

 






„Спасувачите ги пребаруваат остатоците од зградата и бараат луѓе кои можеби се наоѓаат под урнатините“, се додава во соопштението.

 

Краматорск е голем град западно од линијата на фронтот во Доњецката област и најверојатно ќе биде клучна цел на можното руско напредување кон запад за да ја заземе целата област. Честопати беше цел на руски напади, вклучително и напад врз железничката станица во април 2022 година, во кој загинаа 63 лица.

Поврзани содржини