(ВИДЕО) „Трач“ е новиот сингл на Дарко Гроздановски, пејачот ставен на полиграф!

Се потрудив да создадам нешто поразлично од тоа што имаме прикика да гледаме на нашата естрада, вели Гроздановски.

130

На нашата музичка сцена има секогаш место за нови и талентирани изведувачи. Еден таков е и младиот Дарко Гроздановски, кој вчера ја објави својата најнова песна…

Таа носи наслов „Трач“, а за потребите на истата, Дарко и неговата екипа снимија и доста интересен видеоспот, во кој се појавуват повеќе статисти.






Инаку токму Дарко е автор и на неговата песна, односно тој го направи и текстот, музиката и аранжманот.

– Се потрудив да создадам нешто поразлично од тоа што имаме прикика да гледаме на нашата естрада. Не велам дека тоа што моите колеги го создаваат не е добро, напротив, имаме премногу квалитетна музика, но ете, сакав да бидам барем малку поразличен. Се надевам ќе ѝ се допадне на публиката, тоа ми е најважно“ – вели Гроздановски.

Да не должиме многу, погледнете, лајкнете, споделете:

 

Поврзани содржини