(ВИДЕО) ТОПЛЕС СЕ ТРКАЛА ВО КРЕВЕТОТ По распадот на бракот, Бритни објави разголена снимка

Само неколку дена по објавата за разводот на бракот, пејачката Бритни Спирс (41) на својот инстаграм-профил кој го следат повеќе од 42 милиони луѓе, сподели видео на кое позира топлес од кревет.

1,375

Само неколку дена по објавата за разводот на бракот, пејачката Бритни Спирс (41) на својот инстаграм-профил кој го следат повеќе од 42 милиони луѓе, сподели видео на кое позира топлес од кревет.

Бритни делумно го покрила телото со чаршаф, а преку клипот свири песната на Ени Ленокс „I Put A Spell On You“, таа брзо собра над 317.000 лајкови, но ги исклучи коментарите.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)


Пејачката и претходно објави видеа како танцува во нејзината куќа, како и сензуални фотографии од плажа, а потврди и дека и покрај сѐ, се чувствува добро по разводот.

Пејачот и актер и тренер Сем Асгари (29) во средата потврди дека се разведуваат по 14 месеци брак и 6 години врска, но се чини дека Спирс не е премногу тажна. На почетокот на оваа недела таа сподели видео од нејзиното танцување и забава со пријателите и рече дека причината за нивното раскинување никого не треба да го интересира.

Таа се заблагодари на пораките за поддршка и рече дека предолго била силна и дека, иако нејзиниот живот изгледа совршен на социјалните мрежи, тоа е далеку од реалноста.

– По шест години љубов и посветеност еден кон друг, јас и мојата сопруга решивме да го завршиме нашето заедничко патување. Ќе се држиме до љубовта и почитта што ги имаме еден кон друг и ѝ посакувам сѐ најдобро. Глупости се случуваат – сподели нејзиниот наскоро поранешен сопруг.

Двојката се запозна на снимањето на спотот за „Slumber Party“ во 2016 година, а се венчаа минатиот јуни во Лос Анџелес. Тој повеќепати изјави дека не може да ја контролира Бритни или нивниот брак, а како што пренесува ТМЗ, ја обвини за физичко малтретирање и изневерување со вработен. Според предбрачниот договор, Сем би добивал по милион долари за секои две години брак, но се чини дека ќе остане со „празни раце“.

 

Поврзани содржини