(ВИДЕО) ТАА ИМАШЕ 17 ГОДИНИ, ЈАС 40…Џо Бајден се изгушка со Ева Лонгорија и „се збуни“ за годините
Холивудската актерка (48) му се придружи на американскиот претседател (80) на проекцијата на нејзиното режисерско деби, филмот Flamin' Hot.
Американскиот претседател Џо Бајден ја збуни толпата во Белата куќа откако незгодно се пошегува за тоа колку години имал кога ја запознал актерката Ева Лонгорија, тогаш се уште малолетна. Лонгорија (48) позната по улогата во серијата „Очајни домаќинки“, му се придружи на Бајден (80) на проекцијата на нејзиното режисерско деби, филмот Flamin’ Hot.
-Се сретнавме многу одамна.Таа имаше 17 години, јас 40 – се пошегува американскиот претседател опишувајќи го нивното познанство.
Biden is hosting actress Eva Longoria at the White House.
“We’ve known each other for a long time. She was 17, I was 40.” pic.twitter.com/LHPNRDmiCK
— Citizen Free Press (@CitizenFreePres) June 16, 2023
Тој всушност имал 50 години кога актерката имала 17 години, а имал 40 кога Лонгорија имала седум години.
Лонгорија, долгогодишен член на Демократската партија, го поддржа Бајден во 2020 година и претходно водеше кампања со него кога беше потпретседател на Барак Обама.
Забелешката за годините не беше единствената шега на Бајден, видно расположен во филмското друштво. Имено, тој им се претстави на присутните со зборови: „Јас сум сопругот на Џил Бајден“.