(ВИДЕО) СТРАШНИ СЦЕНИ ВО ГЕРМАНИЈА Маркез спаси жива глава, мотоциклот на Зарко преполовен
Имено мотоциклот на Шпанецот излизга по патеката, по што му направи „лизгачки старт“ на неговиот противник, кој летна во воздухот.
Морничава ситуација е забележана на вториот тренинг пред Големата награда на Германија.
Познатиот мотоциклист Марк Маркез, освојувач на шест титули, доживеа тежок пад, но во таа прилика подобро се снајде од својот несреќен колега.
Имено мотоциклот на Шпанецот излизга по патеката, по што му направи „лизгачки старт“ на неговиот противник, кој летна во воздухот.
Поради големата брзина со која мотоциклот се лизгал на патеката, моторот на Жоан Зарко буквално беше преполовен.
И двајцата возачи поминаа без посериозни последици.
Crash of Marc Márquez, with his bike crashing again Johann Zarco, breaking the french bike in Two pieces pic.twitter.com/gjJR829bOg
— Motorcycle Sports (@MotorcycleSp) June 16, 2023