(ВИДЕО) СТОТИЦИ ОБОЖАВАТЕЛИ СЕ ПРОСТИЈА ОД ТОТО КУТУЊО Италијанците со познатата песна го испратија легендарниот пејач
Стотици обожаватели утрово се собраа во миланската базилика Свети Нереј и Ахил, каде што беше одржана погребната миса за светски познатиот италијански кантавтор и пејач Тото Кутуњо.
Стотици обожаватели утрово се собраа во миланската базилика Свети Нереј и Ахил, каде што беше одржана погребната миса за светски познатиот италијански кантавтор и пејач Тото Кутуњо.
Насобраните обожаватели со долги аплаузи го поздравија ковчегот со телото на познатиот кантавтор и пејач, а на влезот во црквата музичари со усна хармоника и гитара ја изведоа најпознатата песна на Кутуњо, „Вистински Италијанец“ (l’Italiano verro). која стана национална химна во 1980-тите, потсетува торинскиот дневен весник „Стампа“.
„Тото остави прекрасен белег во светот на музиката, не живееше залудно бидејќи зад него остануваат добрината и убавината на неговите композиции“, рече дон Џанлуиџи Панчери, парохиски свештеник на базиликата.
Al funerale di #totocutugno si canta in suo onore pic.twitter.com/Qj4Uva5W11
— Vicolo delle News Official (@VicolodelleNews) August 24, 2023
Во својот говор тој потсети на поврзаноста на пејачот со парохијата каде што како млад свиреше на оргули, а подоцна и се ожени со сопругата Карла на 4 октомври 1971 година во базиликата Свети Нереј и Ахил.
Кутуњо беше плоден автор кој пишуваше текстови и компонираше за многу италијански уметници и големи светски ѕвезди, а меѓу оние кои дојдоа да го испратат славниот пејач имаше и бројни колеги и почитувачи на италијанската естрада.