(ВИДЕО) СРБИЈА ПОД ВОДА, ПОПЛАВЕН Е ДУРИ И ЗЛАТИБОР Во 35 општини прогласена е вонредна состојба
Сообраќајот е во прекин на некои регионални патишта кај Чачак, Краљево, Крагуевац и Јагодина во централна Србија.
Србија повторно се бори со водената стихија. Обилните врнежи предизвикаа излевање на реките и поплави во поголем дел на земјата. Во 35 градови и општини е прогласена вонредна додека пожарникарите, спасувачите и членовите на итната помош ги евакуираат луѓето и се обидуваат да ги поправат оштетените мостови и патишта. Под вода е дури и познатиот планински туристички центар Златибор каде речиси се е поплавено, а фотографиите направени деновиве покажуваат застрашувачка глетка.
Сообраќајот е во прекин на некои регионални патишта кај Чачак, Краљево, Крагуевац и Јагодина во централна Србија, соопшти Автомото сојузот на Србија (АМСС).
Во близина на Краљево водата го однела мостот на Ибарската магистрала во градот Адрани, па сообраќајот на тој пат кон Чачак и западна Србија е во прекин.
Во Крагуевац, најголемиот град во Шумадија, во текот на ноќта се излеа реката Лепеница, а спасувачите евакуираа 14 лица во чамци, меѓу кои и едно дете. Поплавен е и Клиничкиот центар во овој град и се примаат само итни случаи.
I Kragujevac? Brus, Medveđa, Aleksandrovac župski, nema kraja spisku poplavljenih mesta. Smena nalečnika sektora za vanredne situacije, ODMAH! pic.twitter.com/PfyJRkMNC8
— CECA (@Ceca2103) June 15, 2023
Во прогнозата на Републичкиот хидрометеоролошки завод се наведува дека до крајот на денот во поголем дел од Србија ќе врне дожд, посебно во централниот и јужниот дел на земјата, а во сабота врнежите треба да се намалат.