(ВИДЕО) СПЕКТАКУЛАРЕН ПРЕЧЕК ЗА НЕЈМАР ВО САУДИСКА АРАБИЈА Бразилскиот фудбалер предизвика еуфорија во Ријад

Нејмар во Саудиска Арабија пристигна со луксузен авион Боинг 747-400 кој го испрати саудискиот принц Ал Валид бин Талал. Авионот има неколку спални соби и златен трон.

458

Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, на спектакуларен начин беше пречекан во Саудиска Арабија и поздравен со овации од над 60.000 навивачи на Ал Хилал.






Навивачите  пристигнаа во Ријад на натпреварот помеѓу домашната екипа и Ал Феиха, но настан на денот беше пристигнувањето на големата фудбалска ѕвезда.


Разни светлосни ефекти, овации од трибините беа само дел од кореографијата за пречек на најплатениот играч во саудискиот фудбалски експеримент.

Нејмар излезе на теренот во синиот дрес со бројот 10.

Бразилскиот фудбалер од ПСЖ се пресели во Ал Хилал во голем трансфер, а во Саудиска Арабија пристигна со луксузен авион Боинг 747-400.

Нејмар во Саудиска Арабија за две години ќе заработи 300 милиони евра, а од клубот ќе добие луксузно сместување со 25 соби, сауна, базен и осум работници кои ќе го чуваат заедно со девет автомобили.

Авионот со кој Нејмар пристигна во Саудиска Арабија го испрати саудискиот принц Ал Валид бин Талал. Авионот има неколку спални соби и златен трон.

Нејмар во својата кариера покрај за ПСЖ настапуваше и за Барселона и Сантос.

Поврзани содржини