(ВИДЕО) СОСТОЈБАТА НА МАДОНА БИЛА КРИТИЧНА Криевме дека е во болница, се подготвувавме за најлошото, открива нејзин роднина

Мадона била пронајдена онесвестена во нејзиниот дом во Њујорк минатиот викенд и итно била пренесена во болница.

2,481

Роднина на Мадона се огласи по веста дека пејачката минатиот викенд итно била пренесена во болница и откри дека нејзината здравствена состојба била многу сериозна.

-Изминатите неколку дена никој не знаеше по кој пат ќе оди ова, ситуацијата беше толку сериозна што се подготвувавме за најлошото. Затоа од саботата сè чувавме во тајност. Верувавме дека можеме да ја изгубиме, изјави роднина на Мадона за Дејли Мејл.






Тој истакнува дека болеста на 64-годишната поп дива била шок за сите.

-Ова беше шок. Мадона верува дека е непобедлива, многу се подготвуваше за турнејата, се префорсира, додаде тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

За потсетување, Мадона била пронајдена онесвестена во нејзиниот дом во Њујорк минатиот викенд и итно била пренесена во болница.

Пејачката завршила на интензивна нега каде била интубирана и сега е будна и закрепнува. Цело време покрај неа е нејзината ќерка Лурд. Долгогодишниот менаџер на Мадона, Гај Осеари, објави на Инстаграм дека Мадона „развила сериозна бактериска инфекција што доведе до неколкудневна интензивна нега“.

Поради болеста одложена е и нејзината голема светска турнеја што требаше да стартува на 15 јули од Ванкувер.

МАДОНА НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, ПРОНАЈДЕНА БЕЗ СВЕСТ Никој не можеше да претпостави дека е болна

Поврзани содржини