(ВИДЕО) СЛАВНИОТ ВОДИТЕЛ ВО ЕМИСИЈА ВО ЖИВО ОТКРИ СТРАШНА ВЕСТ Крис Еванс има рак, открил траги на своето тело
Во својата емисија на „Вирџин радио“ во понеделникот, познатиот радио водител Крис Еванс објави дека лекарите неодамна му соопштиле страшна вест.
Во својата емисија на „Вирџин радио“ во понеделникот, познатиот радио водител Крис Еванс објави дека лекарите неодамна му соопштиле страшна вест. Имено, тој со слушателите ја сподели веста дека лекарите му дијагностицирале рак на кожата.
За среќа, ракот бил дијагностициран во исклучително рана фаза и ги уверувал слушателите дека сѐ е во ред и дека се надева дека ќе закрепне целосно.
Инаку, пред само четири години изјави дека се плаши од рак откако „открил траги“ на своето тело.
– Мора да разговараме за што точно се работи… Тоа е меланом. Постои таа фраза кога „малигнен меланом“, но таа фраза е излишна затоа што ако е меланом, тогаш е и малигно. Бидејќи е многу рано откриено, можно е да се излекува – објасни тој.
Инаку, 57-годишниот Крис е страсен тркач, но објасни дека еден месец по третманот нема да може да учествува во омилената активност. Покрај тоа, тој се пошегувал дека до почетокот на лекувањето, односно на 14 септември, „само ќе трча“, пренесува „Мирор“.
Постојат три типа на рак на кожата: меланом, карцином на базалните клетки и карцином на сквамозните клетки. Иако меланомот сочинува само еден отсто од случаите, тој предизвикува огромно мнозинство од смртните случаи. Ако рано се открие, како што е во случајот на Крис, ракот е релативно безопасен и може брзо да се отстрани.